Почетна
Политика

Дивеат цените на струјата и гасот, Мицкоски уверува: "Ќе имаме стабилна зима"

Европските пазари бележат скокови, Владата во Скопје најавува механизми за заштита на домаќинствата.

·Политика
Дивеат цените на струјата и гасот, Мицкоски уверува: "Ќе имаме стабилна зима"

Цените на енергијата повторно растат: на дел од европските берзи цената на електричната енергија достигна и до 200 евра за мегават-час, додека, како што известуваат пазарните прегледи, онаа на европскиот природен гас "надмина 79 долари за мегават час" — највисоко ниво од крајот на 2022 година.

Зошто растат цените и што следува

Експертите укажуваат дека првенствено станува збор за испреплетени геополитички ризици и стеснување на понудата на LNG, што создаде дополнителен ризик-премиум и натера купувачите да влегуваат во поинтензивни наддавања. Тоа ја намалува вообичаената разлика помеѓу летните и зимските цени и го отежнува нормалното полнење на складиштата.

Во домашниот контекст, премиерот Христијан Мицкоски се обиде да ги смири очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече: "Ќе имаме стабилна зима" и најави дека Владата работи на нова методологија со која ќе се прави обид да се задржи актуелната цена на струјата или да се понижи.

Во Европа подготовките за зимата овој пат поминуваат со отежнувања: складиштата со гас кои летно се полнат останаа полуполни и обезбедуваат помал простор за маневар ако побарувачката нагло порасне.

Дополнително, екстремните летни температури и сушата ја ослабнаа локалната производство на електрична енергија — некои хидро и термоцентрали беа принудени да намалат или да исклучат капацитети, што дополнително ги зголеми цените на пазарот.

Дали ова ќе остане краткорочен ценовен шок или ќе прерасне во долгорочна криза ќе зависи од времетраењето на геополитичките тензии, брзината на стабилизација на меѓународните пазари и од тоа колку земјата има простор и резерви да одговори на уште еден надворешен удар.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи