Почетна
Политика

Уште половина година под криза: Владата ја продолжува енергетската состојба

Премиерот Христијан Мискоски најави шестмесечно продолжување додека пазарите остануваат нестабилни.

·Политика
Уште половина година под криза: Владата ја продолжува енергетската состојба

Владата ќе ја продолжи кризната енергетска состојба за уште шест месеци, со што моменталниот рок кој истекува на 21 октомври се одложува. Премиерот Христијан Мискоски оцени дека постојат најави за можно смирување на состојбите, но дека не може да се потпира на нив како едно единствено оправдување за укинување на мерката.

„Ќе ја продолжиме за уште шест месеци. Имаме некој најави дека може да дојде до деескалација на ситуацијата но сето тоа нас не не спречува ако може да ја прекинеме. Дај боже да дојде до деескалација и смирување на состојбата. Но кризната состојба ќе ја продолжиме за уште шест месеци, мислам до април,“ изјави премиерот Христијан Мискоски.

Пазари и цени на горива

Тензиите на Блискиот исток влегоа во глобалните пазари и ги подигнаа цените на енергенсите: неделата берзите на нафтата ја завршија со висока цена од речиси 105 долари за барел.

На домашен план, владините мерки досега вклучуваат намалена акциза на горивата и намалено ДДВ само за дизел; таа мерка беше продолжена за околу десетина дена. Од понеделник регулаторите ќе го следат пазарот и ќе одлучат евентуални корекции на цените на горивата.

Нема најави за нови мерки во овој момент. Од властите велат дека за тоа засега не се разговарало, а просторот за дополнително дејствување финансиски е многу ограничен.

Финансискиот одговор вклучува втор ребаланс на буџетот и ново задолжување од 150 милиони евра. Приходите и расходите се скратени, а властите не исклучуваат можност за уште една анализа и прераспределба на средствата пред крајот на годината.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи