Почетна
Македонија

Џабе ги казнуваме сопствениците на запрежни коли во Велес — Колев предлага општински торбички

Советничката Петрушевска-Савова и градоначалникот Колев ја потсетуваат јавноста на одлуката од септември 2016 и на идејата општината да дистрибуира торбички.

·Македонија
Џабе ги казнуваме сопствениците на запрежни коли во Велес — Колев предлага општински торбички

Жителите на Велес долго време се пожалуваат дека по улиците останува измет од запрежните коли, а проблемот повторно беше споменат на седница на Советот откако советничката Мирјана Петрушевска-Савова ги пренесе реакциите на граѓаните.

„Изметот од запрежните коли е сериозен проблем во градот. Го има по улиците кои гравитираат кон Градскиот пазар, но и на останатите сообраќајници каде се користат овие рабаџиски коли. Сопствениците треба да се задолжат, изметот да не завршува на коловозот. Така прават во светот, 21. век сме“ , рече Петрушевска-Савова.

Одлуката од септември 2016 година

Советот во септември 2016 година, пред десет години, донел одлука со која лицата што управуваат запрежни возила или го водат добитокот низ град се обврзуваат да обезбедат хигиенска опрема — кесе, метла и лопатка за прибирање на фекалните остатоци при движење.

Градоначалникот Марко Колев рече дека иако постои одлука, казните не даваат очекуван ефект затоа што многу сопственици немаат ниту лична карта ниту имот. „Имаме одлука на Советот. Тој што користи коњ, магаре низ град, треба да ја почитува. Откако полицијата за сообраќајни прекршоци почна да ги одзема возилата, се вратија овие запрежни животни во сообраќајот во градот. Ги има сѐ повеќе и повеќе. Давам и писмена и усна наредба на комуналниот инспектор кој излегува на терен, ги едуцира, ги контактира, ги замолува, ги информира какви обврски имаат. И ги казнува. Таа казна не делува, тие немат ниту лична карта, ниту имот. Останува ние како локална власт да купиме такви торбички и да ги поделиме на сопствениците“, кажа градоначалникот Марко Колев.

Во текстот на одлуката е наведено и дека ако на јавни површини се создаде отпад — смет од добитокот, лицето што управува со запрежна кола или добитокот е должно отпадот да го отстрани од местото каде е создаден; во спротивно тоа ќе го стори ЈКП „Дервен“ на сметка на лицето кое управува со запрежна кола или добитокот. Предвидени се и мандатни казни за сторителите.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи