ДКСК: нема одлука по двата предмета против Цвета Ристовска
Поголем дел од времето по оставката траат проверки за непријавен имот и сомнеж за рачно распределување на предметите.

Државната комисија за спречување на корупцијата сѐ уште не донела конечна одлука по два предмета поврзани со поранешната претседателка Цвета Ристовска, иако помина повеќе од половина година од нејзината оставка поради сомневања за непријавен имот и плаќања поврзани со синовите.
Според официјални информации, комисиските проверки продолжуваат: се испитува евентуален судир на интереси и дали Ристовска имала обврска да ги пријави имотните врски.
Сомнежи за рачно распределување на предметите
Во допис што пристигнал до Комисијата се укажува дека по оставката предметите што ги водела Ристовска не биле распределени преку електронскиот систем за случаен избор, туку биле рачно доделени на новоизбраната членка Катерина Зајковска. Доколку ова се потврди, тоа би било спротивно на Деловникот за работа на ДКСК.
Во дописот стои и дека на Колегиум членовите гласале за тоа дали да се овозможи рачна распределба, при што Зајковска гласала „против“, а останатите „за“. Комисијата засега не дала јасен одговор дали навистина сите предмети ја наследиле Зајковска.
Правилата на ДКСК налагаат дека по оформувањето предметите се распределуваат електронски, по случаен избор, а одлуките се носат колективно со мнозинство гласови на јавна седница. Од Комисијата соопштија дека во двата предмети оформени против поранешниот член се водат прекршочни постапки кои се во тек.
Ристовска си поднесе оставка по објави дека фирмата „Буст“ добила по 35 илјади евра за кампањите за претседателските избори во 2024 година на кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска‑Дафкова. Објавено е и дека таа во анкетниот лист не ги навела синовите како сопственици на фирми.
За време на мандатот, таа ја затвори постапката за сомнежите за фалсификувана диплома на директорот на АНБ, Бојан Христовски; Ристовска предавала на факултетот каде Христовски завршил и ја предложила затворањето на тој предмет. По нејзиното заминување беа отвoрени прекршочни постапки, а местото остана празно — првиот обид за избор на наследник пропадна поради можни неправилности, а при вториот избор беше избрана Зајковска, која претходно работела во секторот за финансирање на политички партии и таму била присутна во времето на спорните финансирања.
Фото: прес-материјал од настанот


