Добрила Чабриќ, на 98 години — сама со „смарт“ до Белград
Победничката на „Никогаш не е доцна“, која преживеа несреќа на патот кон Охрид, купи „Смарт“ откако нејзиниот претходен автомобил беше уништен и и натаму сама вози.

На 98 години, Добрила Чабриќ и натаму патува со свој автомобил — неодамна сама пристигна во Белград, возејќи мал „Смарт“. Доајенката и победничка на шоуто за ветерани „Никогаш не е доцна“ вели дека не може да живее без кола.
По тешка несреќа не се откажа од возење
Пред две-три години, на патот кон Охрид, Добрила доживеа сообраќајна несреќа: за да избегне директен судир, слета од патот и нејзиниот автомобил тогаш целосно беше уништен. Таа доби полесни повреди на нозете и брзо закрепна.
Неколку месеци подоцна ја изненади јавноста кога купи нов автомобил. „Земав мал ‘Смарт’ кој е многу добар за гужва о тежок сообраќај, каков што е денес. Така што имам чувство како да седам на мотор, а нозете да ми се на тркалата, но се чувствувам убаво“ изјави неодамна Добрила во емисија на „Гранд“ и со своите анегдоти од животот ги воодушеви сите.
Добрила често зборува за тоа дека не ги напушта патиштата: „Јас не возам, туку летам и ќе летам и понатаму. Мислам, сите се чудат и постојано ме прашуваат ‘Дали дојдов сама во Белград’? Сама дојдов, а и сама ќе се вратам. Но не ми е јасно зошто е тоа проблем, јас сум шофер веќе 75 години. Ја поминав цела Европа со автомобил, така што тоа се мои нозе“ изјави Добрила тогаш.
Родена е на 1 февруари 1928 година во Бариќ близу Пожаревац, а денес живее во Дојран. Таа е доајенка на Македонскиот народен театар и повторно привлече внимание кога пред пет години победи во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Фото: Принтскрин/ Гранд