Почетна
Спорт

Драган Ѓоргиев: Дијаспората е секогаш тука за Македонија

Секторот за македонски навивачи во Луцерн е распродаден, а Драган Гаго Ѓоргиев ја посети базата и го поддржа тимот.

·Спорт
Драган Ѓоргиев: Дијаспората е секогаш тука за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва, на 6 октомври 2026 година во 20:45 часот, во Луцерн ќе го игра четвртиот и завршниот натпревар од овој репрезентативен прозор против Швајцарија.

За тимот оваа серија на натпревари е тешка—веќе има три порази по ред—но секој следен меч претставува можност да се поправи впечатокот и да се врати самодовербата.

Швајцарија можеби не е најповолниот противник за такви промени, но за нас гостувањето тука носи друга предност: голема македонска дијаспора. „Македонскиот“ сектор на стадионот е одамна распродаден, а информациите укажуваат дека наши луѓе ќе има и на преостанати делови од трибините.

Меѓу присутните дефинитивно ќе биде и поранешниот репрезентативец Драган Гаго Ѓоргиев, кој со години живее во Швајцарија и ќе навива за националниот тим.

„Ова секако дека е голем настан за нашата заедница тука. За македонците во Швајцарија. Македонија прв пат гостува тука, и искрено се радуваме. Ќе навиваме од се срце за нашите момчиња, затоа што тоа тие го заслужуваат во моментов. Максимална поддршка, и покрај тоа што не им одеше на последните мечеви. Ние сме секогаш тука за нив“ – ни изјави Драган Гаго Ѓоргиев.

Средба со Николче Новески

Ѓоргиев ја посети базата на репрезентацијата во Луцерн и се сретна со поранешниот соиграч од Мајнц, Николче Новески, кој во моментов е директор на скаутинг службата при Фудбалската федерација на Северна Македонија.

„Со Николче Новески имаме наша историја што се вели. Секогаш има посебно чувство кога ќе се видам до големина како Николче, фудбалско име со кое шест месеци заедно бевме во Маинц. Неговата поддршка секогаш значи и знам дека е тоа човек кој секогаш е тука да помогне. се радувам кога вакви имиња работат во нашиот фудбал и тоа е надеж дека ќе имаме подобра иднина“ – ни рече Ѓоргиев.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи