Почетна
Спорт

Иљами Исејни: Оваа генерација има многу потенцијал, но има и многу работа пред себе

У17 заврши на второто место во групата во Турција; селекторот ги пофали играчите но предупреди на потреба од развој.

·Спорт
Иљами Исејни: Оваа генерација има многу потенцијал, но има и многу работа пред себе

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години обезбеди пласман во елитниот сегмент од квалификациите за Европското првенство откако на почетниот квалификациски турнир во Турција заврши на второто место во групата. Во групата играа Унгарија, Сан Марино и Турција, а нашите младифудбалери забележаа две победи и ја остварија претходно поставената цел.

Исејни: Турнирот го даде вистинскиот тест, но работата продолжува

Селекторот Иљами Исејни го оцени настапот во Турција како позитивен и корисен за развојот на играчите. „Турнирот во Турција го оценувам како успешен затоа сто имавме можност, да ги одмериме силлите со квалитетни противници како Унгарија И Турција без да го потцениме и Сан Марино кои последниве години има голем напредок во младинските категории. Екипата покажа карактер, дисиплина, и желба да се натпреварува со квалититни противници и тоа ме радува многу. Севкупно, овој турнир беше големо искуство за ова генерација, за нивен понатамошен развој, вклучувајќи го тука и постигнатиот успех“ – вели селекторот Исејни, по што посочи дека триумфот над Унгарија имал посебно значење.

Во мечот со Унгарија тимот направи пресврт: по негатива од 0:2 следеше целосен преокрет и победа. „Се најдовме во тешка ситуација, губевме 0:2, но покажавме огромен карактер, капацитет, дисциплина, не се „распаднавме“ напротив. Таа победа, тој пресврт многу ни го олесна патот потоа“ – изјави Исејни и нагласи дека самодовербата поради тој успех значително се зголемила.

Иако го пофали квалитетот на генерацијата, селекторот предупреди дека има многу работа: „Оваа генерација има многу потенцијал, но како и секоја која што е составена од млади играчи и аномалии кои треба да бидат надминати, да се работи на нив. Во периодот кој претстои тие недостатоци треба да ги надминеме, напорно да работите. Свесни сме дека сеуште заостануваме од селекции како Турција ете на пример или Шпанија, Германија….мора напорно да работиме за таа разлика биде се помала и помала“ – порача Исејни.

Тој посочи и дека за психолошката подготовка голема улога треба да имаат клубовите: „Според мене, на тој психолошки момент, мора младите играчи далеку повеќе да бидат подготвувани во самите клубови од каде што доаѓаат. Не смее да им се става императив на победа, на резултат, затоа што се тоа млади играчи, во развој. На овие момци мора да им се всади дисциплина, одговорност и победнички менталитет. Тоа е клучно“ – истакна селекторот.

Исејни избегна споредби со порано успешни генерации и ја истакна долгорочната мисија на младинските селекции: „Не би сакал да го споредувам оваа генерација со нитуе една од претходните кои што биле успешни. Секоја си има свој карактеристики, предности, недостатоци, свој колективан и индивидуален потенцијал. Во моментот би рекол дека ова е генерација со потенциал ,но треба многу да работиме да се подобриме и да имаме напредок. Не треба да се задоволиме со постигнатиот резултат да застанеме така, туку треба поставиме нови цели, и дострели. Насата цел не треба да ни биде да победиме на еден меч еден турнир, или нешто такво. Нашата основна цел мора да биде создавање на квалитетни фудбалери кои што ќе се носители на националниот тим со години нанапред. Кои што ќе бидат стандардни А репрезентативци. Тоа е главната цел на младинските репрезентации“ – порача селекторот.

На крајот, Исејни нагласи дека пласманот треба да биде мотивација и им се заблагодари на сите кои помогнале: „Пласманот секако треба да е уште поголем мотив за младите играчи. Да се докажуваат, да работат, да бидат мотивирани. Би сакал да се заблагодарам и на целокупната организација, ФФМ, претседателот Масар Омерагиќ, на неговите соработници за поддршката која што ни ја даваа во текот на турнирот. Ќе вратиме со уште добри игри и резултат“ – заклучи Исејни.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи