Почетна
Македонија

ДУИ: Касами го релативизира присуството на Албанците на државните манифестации и при доделувањето награди

Партијата бара правична и соодветна застапеност на Албанците на сите државни настани, во согласност со принципот еднаквост и Охридскиот мировен договор.

·Македонија
ДУИ: Касами го релативизира присуството на Албанците на државните манифестации и при доделувањето награди

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагираат на изјавите на еден од копретседателите на Влен и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами, и обвинуваат дека тој го релативизира присуството на Албанците на државните манифестации и при распоредот на државните награди „8 Септември“.

Во партиското соопштение ДУИ го оценува како неприфатливо изнесеното образложение дека „понекогаш може да има помалку или повеќе“ Албанци на поединечни настани и го смета за обид да се прикрие нивно исклучување.

Барање за правична застапеност

„Кога Албанците се отсутни виновни се комисиите. Кога се бара еднаква застапеност, власта се крие зад оправдувања. Ова не е еднаквост. Ова е етичкото пред етничкото“, наведуваат од партијата и повикуваат на обезбедување правична и соодветна застапеност на Албанците на сите манифестации, при доделувањето на награди и во државните програми, во согласност со принципот еднаквост и Охридскиот мировен договор.

„Албанците не бараат привилегии, туку реална еднаквост и почит кон нивниот придонес во државата. Кога Албанците се исклучени, тоа не е ‘понекогаш помалку‘. Тоа е дискриминација“, додаваат од ДУИ, нагласувајќи дека бараат видливо присуство и употреба на албанскиот јазик при официјалните обележувања.

Појавата ја коментираше и сам Касами, кој ги отфрли тврдењата за системско исклучување и истакна дека застапеноста не може да се мери секогаш според фиксни бројки. „Постојат комисии што вршат проценки врз основа на апликации и барања, но секако има настани кога ќе има или имало повеќе Албанци. Ние не ги гледаме посебните настани како нешто што нужно мора да има одреден број заедници. Значи, во согласнот со посветеноста и придонесите што заедниците ги даваат во одредени области, понекогаш може да има помалку или повеќе. Ова значи дека на друга награда, на друг настан, верувам дека Албанците ќе бидат повеќе застапени“, изјави Касами.

ДУИ, покрај тоа, посочува дека при одбележувањето на 35‑годишнината од независноста албанскиот јазик бил целосно занемарен на државните манифестации, а меѓу добитниците на државните награди „8 Септември“ нема ниту едно албанско име.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи