Почетна
Македонија

Два години по камен темелникот: фабриката за батерии на АВЕСТА во Кичево заглавена поради документација

ТИРЗ: градежните работи беа стопирани поради измени во проектот, инвеститорот ги дополнува документите пред да продолжи.

·Македонија
Два години по камен темелникот: фабриката за батерии на АВЕСТА во Кичево заглавена поради документација

Практично две години по поставувањето на каменот темелник, изградбата на планираната фабрика за батерии на АВЕСТА во Кичево е во застој, стои во одговорите на ТИРЗ. За сега нема конкретен датум кога работите ќе продолжат — инвеститорот работи на дополнување на потребната документација.

Градежните работи стопирани поради измени во проектот

Од ТИРЗ наведуваат дека поради промени во проектот минатата година градежните активности беа прекинати, а компанијата изработува дополнителна урбанистичка и проектна документација за да ги добие одобренијата и да продолжи со изградбата на производствениот капацитет во ТИРЗ Кичево.

Исто така, сè уште не е потпишан договор за државна помош со компанијата. Во одговорите се гледа дека инвеститорот речиси две години се обидува да ги обезбеди сите потребни документи за да ја продолжи инвестицијата.

За Кичево не е наведен точен датум за продолжување на градбата, додека за Штип ТИРЗ ветува дека подготовките ќе почнат крајот на оваа или почетокот на идната година.

АВЕСТА ја откажа својата инвестиција и во Бугарија, што според ТИРЗ се случило поради плановите кои ги има во земјава. Договорот со компанијата беше потпишан во Брисел во времето на претходната Влада.

Во договорот беше предвидено инвестициско вложување од околу 40 милиони евра и отворање на 600 нови работни места. Инвеститорот најавил и преземање на технички кадар од термоцентралата Осломеј во Кичево, каде веќе се одржале разговори.

Во меѓувреме, некои странски компании решија да се повлечат од земјата: АПТИВ, германската БМЗ, како и американската Дура која стави клуч на врата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи