Почетна
Магазин

Две малолетнички приведени во Центар за тепање, кражба и снимање

Полицијата соопшти дека две тинејџерки се уапсени по пријава дека физички нападнале врсничка, ѝ одзеле работи и ја снимиле со мобилен.

·Магазин
Две малолетнички приведени во Центар за тепање, кражба и снимање

Две малолетнички од Скопје беа приведени синоќа во општина Центар по пријава за физички напад и одземање лични работи и пари од друга малолетничка, при што инцидентот бил снимен со мобилен телефон.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Скопје постапиле по претходна пријава и ги лишиле малолетничките од слобода околу 19:50 часот, а настанот според пријавата се случил околу 18:10 часот.

Детали од пријавата

Во пријавата се наведува дека двете малолетнички ја пресретнале врсничката, при што едната физички ја нападнала, а другата ѝ одзела лични работи и пари. Целиот настан бил снимен со мобилен телефон.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок до надлежните органи.

Овој случај следи неколку недели по друг инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, кога четири малолетнички се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче и им беше изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Од Кривичниот суд Скопје информираа дека две од малолетничките ќе бидат упатени на по една година, а две на по осум месеци во установата за извршување на казната.

Фото: АИ Илустрација

Поврзани написи