Една година по отровниот пожар во Трубарево — погонот работи, обвинение нема
По отворањето на истрагата против четири лица и едно правно лице, јавноста не доби јавнобвинителска одлука и бара одговорност.

Една година по отровниот пожар на локацијата за складирање опасен отпад во Трубарево, погони каде бил складиран отпадот повторно работат, а јавноста се чуди зошто сè уште нема јавнобвинителска одлука и одговорност.
По пожарот, ОЈО во рок од неколку дена отвори истрага против четири физички и едно правно лице за загрозување на животната средина со отпад. Тројца од осомничените завршија во куќен притвор, а еден во ефективен притвор; се изврши увид и се обезбеди документација.
Еколошки и здравствени последици
Во отпадот гореа батерии, акумулатори и тонери, а густ црн чад се надвисна над половина Скопје. Воздухот беше екстремно загаден, а почвата и подземните води се соочија со голем ризик од контаминација.
Првичните резултати покажаа дека Скопјани по избувнувањето на пожарот во Трубарево дишеле тешки метали. "Концетрацијата на кадмиумот во воздухот била за речиси 12 пати поголема од максималните граници."
Многу жители од населбата завршија на пулмологија, а дел од земјоделците велат дека се откажале од обработка на нивите поради страв од загадена земја. Револтот е голем оти, како што тврдат, погоните со отпад по неколку недели започнале со работа како ништо да не се случило.
Од ОЈО за ТВ 24, накусо одговорија дека: "Истрага е во финална фаза и наскоро се очекува да биде донесена јавнобвинителска одлука." По една година, јавноста сè уште чека за официјален акт и јасни мерки за чистење и следење на животната средина.
Фото: прес-материјал од настанот


