Почетна
Македонија

Еднонасочни улици само на хартија во Тетово — ризик за учениците

Возачи продолжуваат да возат во двата правци на ново воведена еднонасочна „Иво Рибар-Лола“, каде има три училишта.

·Македонија
Еднонасочни улици само на хартија во Тетово — ризик за учениците

Во Тетово новиот режим со еднонасочни улици — воведен на вкупно 17 улици — не се почитува од дел од возачите, што според граѓаните ги зголемува ризиците за пешаците и за учениците.

На улицата „Иво Рибар-Лола“ неодамна е воведен еднонасочен сообраќај, но возачите по сѐ судејќи го продолжуваат движењето во двата правци. На овој потег долготраен околу 300 метри се наоѓаат три училишта и неколку државни установи, па големиот проток на возила и луѓе го зголемува ризикот за децата кои пеш одат до училиште.

Дел од анкетираните велат дека непочитувањето на сообраќајните знаци главно е резултат на отпорот кон менување навики, но и на недоволна патна инфраструктура и нецелосно сообраќајно решение.

„Недостиг на почитување на сообраќајните знаци има баш од аспект на тоа како се практичноста направена и навиката на граѓаните коишто тешко се променуваат со вакви одлуки. Не се комплетно решени, поготово горниот дел со еднонасочните улици“ — велат граѓани.

Општината: измени по анализа, цел—намалување метеж и повеќе паркинг места

Општина Тетово објаснува дека воведувањето еднонасочни улици е резултат од сообраќајна студија и теренско извидување, со цел справување со проблемот со паркирањето и намалување на сообраќајниот метеж. Портпаролката на Општината, Милена Вуческа, појаснува дека со промените се опфатени пет урбани блока и вкупно 17 улици според последната одлука.

Според Вуческа, целта е да се регулира движењето во градот, да се зголеми безбедноста и да се обезбедат повеќе паркинг места во овие населби.

Полициските податоци покажуваат дека во текот на минатиот месец септември на подрачјето на Тетово се евидентирани 57 казни за непрописно и неправилно паркирање.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи