Почетна
Македонија

ЕСМ со 25% помалку производство во првите осум месеци

ЕСМ објаснува дека намаленото производство било резултат од економско планирање, вклучително закуп на капацитети и штедење јаглен.

·Македонија
ЕСМ со 25% помалку производство во првите осум месеци

Најголемиот домашен производител на електрична енергија, ЕСМ, во првите осум месеци од годината испорачал околу 25 отсто помалку електрична енергија од планираното: наместо предвидените 2.700 гигават часови, капацитетите доставиле приближно 2.100 гигават часови.

Според компанијата, намалувањето не се должи на дефект, туку на економско определување на работењето. "-Оваа стратегија се реализираше во две фази, при што во првиот квартал, пред се, во јануари и февруари, наместо да се троши сопствениот потенцијал, компанијата закупи производство во висина на еден цел блок во РЕК Битола од когенеративната централа ТЕ-ТО. Оваа комбинација се покажа како исклучително профитабилна поради договорената поволна цена, што овозможи да се заштедат значителни количини јаглен кои потоа стратешки се искористија за тргување и оптимизација во вториот квартал.", велат од ЕСМ.

Компанијата појаснува дека поради исклучително ниските и поволни цени на домашниот пазар во вториот квартал беше донесена одлука да не се става во функција вториот блок во РЕК Битола, туку потребите економски поефикасно да се покријат со директни набавки.

Проекции и претходни најави

Во најавите за 2026 година ЕСМ повторно проектира дека домашните капацитети ќе ја заокружат годината со производство од 4.300 гигават часови, бројка која веќе со години не е остварена. Лани прогнозата беше уште поголема — околу 5.000 гигават часови, но наместо тоа капацитетите произведоа најмалку струја во последните неколку години.

Во финансискиот дел, ЕСМ долго време се бори да ја подобри ликвидноста и финансиската состојба. За периодот од осум месеци компанијата пријави добивка од околу 7 милиони евра. Сепак, според последниот финансиски извештај, долговите и натаму се над 30 милиони евра, а значителни средства компанијата очекува да ги наплати од своите должници.

Останува да се види дали подобрениот финансиски резултат ќе се одрази врз цената на струјата за домаќинствата. Мицкоски тврди дека се правеле обиди цените да останат исти, па дури и да поевтинат, и најави стабилна зима.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи