Почетна
Македонија

Филипче: Започна падот на балканскиот криминален октопод, по Вучиќ и Орбан следен е Мицкоски

Лидерот на СДСМ ги поврза домашните владини кругови со српски политички, деловни и медиумски структури и побара одговорност.

·Македонија
Филипче: Започна падот на балканскиот криминален октопод, по Вучиќ и Орбан следен е Мицкоски

Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), на прес-конференција денес, 26 октомври 2026, ги честиташе изборните резултати во Србија и ги оцени како ослободување од, како што рече, криминалниот режим што доминирал во регионот.

„Некој ќе коментира зашто славиме и дали славиме туѓи избори. Не, туку го славиме доаѓањето на демократскиот бран тука во регионот, затоа што тие бизнис политички и медиумски спреги на Александар Вучиќ, и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите коишто го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски“, рече тој.

Филипче додаде дека, според него, Александар Вучиќ бил менторот кој им давал насоки како да функционира системот што потоа бил преземен и применет во Македонија. Тој ВМРО-ДПМНЕ го нарече „помал приврзок на српската СНС“ и го повтори наодот за поврзаност меѓу домашната власт и криминални и деловни интереси од Србија.

Обвинувања за банки, медиуми и шверц

Како примери Филипче издвои сомнителни зделки со струја поврзани со министерката Сања Божиновска, врските преку компанијата "Руднап" со руски и српски интереси и контроверзниот статус на почесниот конзул Душан Адамовиќ. Тој исто така потсети на случаи во кои беа вмешани високи српски функционери и наведе дека компании во Македонија поврзани со луѓе блиски до Мицкоски биле дел од трансфер на пет тони дрога.

„Укажавме и на шверцот, односно веројатно договорениот трансфер на дрогата преку граница. Пет тони дрога, во кој преписките пред некое време излезе дека сите од власта во Србија биле вовлечени во наркобизнисот од највисокиот врв преку директорите на БИА и Гашиќ и Вулин. Луѓето коишто тука имаа средби и со Христијан Мицкоски и со Максим Димитриевски“, рече Филипче.

Тој критикуваше и за дозволувањето на влезот на „Алта банка“ во македонскиот пазар, иако банката била забранета во Црна Гора и во други европски држави, како и присуството на нерегистрирани српски медиуми. „Со години наназад рушеа кредибилитет незаслужено и за тоа да знаат дека ќе одговараат. Ќе дојде денот кога ќе одговараат за тоа. Влезот на 'Ало медиумите', влезот на ’Еуроњуз’. Тие луѓе вработија тука новинари, а немаа лиценца за работа. Сакаа како последен чекор, свесни дека им се руши балканскиот октопод, авторитарен и криминален, како последен чекор да ги внесат тие медиуми тука кај нас“, додаде тој.

Филипче посочи и дека новиот премиер на Унгарија отворал истрага за кинеските средства поврзани со кредитот од една милијарда евра, кој, според него, ќе ги задолжи идните генерации во Македонија. „За што? За партиски тендери и за провизии, за ништо друго. Милијарда евра коишто ќе ги враќаат следните којзнае колку генерации. Ете за таква соработка станува збор. Ете за таков постепен домино-пад на системот станува збор“, рече лидерот на СДСМ.

Тој упати директна порака до премиерот Мицкоски, обвинувајќи го дека користи српски рецепт за поделба на опозицијата преку формирање и поддршка на помали субјекти како ЗНАМ и Левица и преку обиди за создавање нови фракции. „Јавно, јасно и гласно му порачувам: поделбата нема да ви успее. СДСМ е единствената кредибилна и неконтролирана опозиција во земјава. Единствениот сојуз што го правиме е сојузот со граѓаните за развиена и европска Македонија“, изјави тој.

На крајот Филипче порача дека по враќањето на власт ќе следи целосна одговорност и враќање на украдените средства: „Не само што ќе има одговорност, ќе враќаат пари. Сите, до последен денар, којшто го украдоа буџетот од иднината на децава и на семејствата и на граѓаните да знаат дека ќе го вратат од таа борба. Никој нема ниту да нè предомисли ниту да направи да се откажеме“, кажа тој.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи