Почетна
Магазин

Филиз Ахмет: актерката од Скопје што го освои светот со „Сулејман Величествениот“

Од театарските почетоци во Скопје до животот во Бешикташ — таа и денес плени со младешки изглед и активност на Инстаграм.

·Магазин
Филиз Ахмет: актерката од Скопје што го освои светот со „Сулејман Величествениот“

Филиз Ахмет, родена во Скопје во 1981 година, стана регионална и светска ѕвезда благодарение на улогата на Нигар-калфа во една од најгледаните турски серии, „Сулејман Величествениот“. И денес е активна на социјалните мрежи и привлекува внимание со освежен, младешки изглед.

Од скопската театарска школа до Бешикташ

Филиз потекнува од познато уметничко семејство: нејзиниот дедо Лутфи Сејфулах беше еден од најпознатите актери, а мајка ѝ Фејхан работеше како суфлерка во театарот. Таа го заврши Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2003 година, по што пресели во Истанбул за да продолжи кариера пред камерата.

Улогата на Нигар-калфа ѝ донесе голема популарност и ја доведе до живот во престижниот кварт Бешикташ. За напорот на снимањата таа еднаш рече: “Снимавме секојдневно по 15 часа, шест дена во неделата. Беше извонредно напорно, но кога го работите тоа што го сакате, наоѓате сила. Најмногу од сè ми недостасуваше семејството — кога ќе се вратев од снимање тие веќе спиеја. Затоа секогаш кога можам доаѓам во Скопје за да уживам во спокојот на мојот град и со пријателките“, раскажа своевремено актерката.

Последните објави на Инстаграм ја прикажуваат во поопуштена фаза: нова фризура во популарен „боб“, кадри од морски дестинации, релаксација на јахта и зајдисонца во Фетије. Нејзиниот стил зрачи со елеганција и младешка енергија.

Актерката често се појавува во дружења со големи турски ѕвезди и течно зборува неколку јазици. Една од објавите која привлече внимание е фотографијата со фолк-легендата Ханка Палдум.

Иако почнала на театарската сцена, камерата го препозна нејзиниот талент, а македонската публика и натаму со гордост ги следи нејзините успеси кога таа доаѓа во Скопје.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи