Гори шума и ниска вегетација на пет локации — девет пожари евидентирани до 13 часот
ЦУК: Пет активни пожари, три под контрола и еден изгаснат до 13 часот денеска

Денеска до 13 часот се евидентирани вкупно девет пожари на отворен простор: пет се сè уште активни, три се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активните жаришта се распоредени во пет општини. Во Македонски Брод, кај местото Видуш во близина на селото Драгов Дол, гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општина Студеничани пожарот е активен над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер и опфаќа мешана шума.
Активни и ставени под контрола пожари
Сува трева и ниска вегетација гореле во населбата Илинден, како и кај селото Букри во Битола. Во општина Желино, во близина на селото Чифлик, со огнот се опфатени ниска вегетација и мешана шума.
ЦУК информира дека под контрола се ставени пожарите кај градската депонија во Делчево, кај Ново Село на планината Огражден и кај селото Зајас во Кичево, каде што беа зафатени стрниште, борова шума и гуми.
Целосно е ликвидиран пожарот во селото Врањовце, општина Врапчиште, каде што гореше ниска вегетација. Кумановските пожарникари два часа го гаснеле огнот во Средорек, горела и сендвичарница.
Пожарникарите и кризните тимови остануваат на терен и ја следат состојбата во жариштата, додека ризикот од ширење останува висок поради сувото време и запаливата вегетација.
Фото: DZS / Facebook