Градежниот сектор свикува итен состанок по најавите за 20% попуст на станови за младите
Градежниците свикуваат итен состанок по недоречените предлози во мерката за поевтини станови за млади.

Градежниот сектор свикува вонреден состанок во понеделник откако владата најави дека ќе наложи дел од новоизградените станови да се продаваат пониска цена од 20 отсто за младите.
Претставници на градежните компании велат дека мерката што ја подготвува министерството на Илинденска е со многу недоречености и е крајно збунувачка. Тие бараат јасност за тоа кој стан во зграда ќе мора да се понуди поевтино, дали млад човек до 35 години кој не е во брак ќе може да аплицира и како ќе се проверува подобноста.
Од секторот предупредуваат и на ризици од злоупотреби: поевтините станови би можело да се купуваат и брзо препродаваат по повисоки цени, а постои и загриженост дека ќе се дозволува продажба на поевтините единици без основни завршни елементи, на пример паркет или ламинат.
Телевизија 24 упати прашања до владата за дел од овие дилеми, но до објавата на овие вести одговор не добивме.
Што предвидува првичниот план
Според првичниот план на властите, млад брачен пар до 35 години или најмалку еден член во таа брачна заедница да има возраст до 35 години ќе стекне право да користи 20% попуст на станбена површина споредено со просекот од претходната година за таа катастарска општина. Исто така, според предлогот, градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба доколку уште во процесот на урбанизација и проектирање не предвиди минимум 10% од станбената површина за мерката за поевтини станови.
Ивица Јакимовски, претседател на Градежна Комора, во изјава за ТВ 24 рече: "Перцепцијата која се наметнува и се бутка со сила е апсурт. Ако е продаден стан во централно градско подрачје во зависност од тоа што влегува во него како додатна опрема и добива одредена вредност, затоа што ние како јавност комуницираме исклучиво квадрат а не што влегува во тој квадрат. Ако возило во Македонија се продаде за 400 илјади евра, дали сите возила се 400 илјади евра."
Како втор дел од најавените мерки, властите планираат ослободување од плаќање на комуналии за младите брачни парови кои ќе одлучат да градат куќа.
Целта на вонредниот состанок е секторот да добие појасни правила и механизми за заштита од манипулации пред мерката да стане официјален акт.
Фото: прес-материјал од настанот


