Почетна
Македонија

Групата „764“ таргетира деца, експерти: Потребна е поголема едукација и контрола од МВР

Експерти предупредуваат дека групата „764“ ги вовлекува децата во манипулација и уцени; предлагаат дигитална едукација и надзор од МВР.

·Македонија
Групата „764“ таргетира деца, експерти: Потребна е поголема едукација и контрола од МВР

Зад на прв поглед невините пораки, комплиментите и лажното чувство на прифатеност може да се крие организирана манипулација насочена кон малолетници. Експертите и надлежните предупредуваат дека групата „764“ користи тактики кои ги вовлекуваат децата во круг на психолошки притисок, закани и уцени, без физички контакт.

“Материјалите што ги добиваат потоа ги користат како средство за дополнително заплашување, уценување и контрола врз жртвите, Гоце Андреевски.”

Според психолозите, целосната забрана за интернет не е решение. Потребна е систематска едукација на децата и поголема контрола од државните институции, бидејќи малолетниците лесно стануваат мета кога преку лажни комплименти и внимание некој постепено ја стекнува нивната доверба.

Што да се направи дома и во училиште

“Би било неразумно кога би ги спречиле да не одат на Чатџипити, на гугл, на други веб страни да пребаруваат, да не играат игрички, да не се да не се јавуваат другарите, да имаат групи, зум средби, заеднички часови тоа би било неразумно да се посака, но од друга страна мора да има добар тренинг како да се заштитат,” вели Мирјана Јовановска Стојановска, психолог.

Родителите треба да бидат дел од дигиталниот живот на децата: да знаат со кого комуницираат, кои платформи ги користат и какви содржини следат. Најважно е да се изгради доверба за детето да побара помош без страв од осуда.

“Ние можеби не треба толку да ги учиме децата да не одат на интернет, него како да одат на интернет, како да го користат интернетот, како да ги препознаваат опасностите што ги демнеат таму, како да знаат да се заштитат, да ги заштитат своите податоци. Зошто да не постои игра во која баш тие вештини ќе ги учат, можеби еве може тоа да ги поттикне нашите гејмери или оние кои создаваат такви платформи или било што што може нели да биде за младите во кое што точно ќе ги научи како да го заштитат своето име, својата адреса, својот телефонски број, да ги заштитат семејството, родителите, да не ги споделуваат своите фотографии,” истакнува Мирјана Јовановска Стојановска.

Безбедното користење на интернетот бара знаење, одговорност и колективен напор. Едукацијата на децата, активната улога на родителите, развојот на практични алатки и надзорот од институциите се клучни за да се спречат злоупотреби и манипулации во дигиталниот простор.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи