Почетна
Македонија

Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност

Обвинителката нагласи дека судот е обврзан од факти и докази изведени на рочиште, не од академски авторитети.

·Македонија
Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност

Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева по денешното рочиште во случајот против судијата Ѓоко Ристов оцени дека правните мислења приложени од одбраната немаат доказна вредност и не можат да влијаат врз одлуката на судот. Таа посочи дека судот треба да ја вреднува само фактографијата и доказите изведени во постапката.

Обвинителката ја отфрли употребата на академски мислења како докази

„Денека беа презентирани материјални докази на одбраната, а меѓу кои јазични толкувања, правни мислења кои ги даваат професори под плаштот на некаков академски авторитет, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас, бидејќи земено правно и професионално, тие немаат никакво тежина и значење. Судот го обврзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислења дадени како нечиј авторитет навистина не го обврзуваат судот и навистина е несериозно да се користат како докази, бидејќи во суштина не се докази и не можат да бидат докази,“ истакна Хаџи Василева, која минатата недела беше избрана за шефица на ОЈО ГОКК.

Адвокатот на одбраната, Ѕвонко Давидовиќ, изјави дека одбраната се откажала од дел предложени сведоци бидејќи не успеала да стапи во контакт со нив и проценува дека нивното сведочење не би донело нови сознанија во постапката.

Давидовиќ додаде дека финансиското вештачење побарано од одбраната сè уште не е завршено, но е во завршна фаза и опфаќа анализа на банкарските сметки на шест лица.

Обвинението се однесува на околу 350.000 евра пронајдени при претрес во домот на родителите на Ристов во Неготино; од Обвинителството порано соопштија дека средствата не биле пријавени и дека потеклото не е поткрепено со докази. Судскиот процес го води судијката Билјана Коцевска.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи