Имплементацијата на електронскиот товарен лист ја приближува дигитализацијата на транспортот
Сојузот на стопански комори и Бизнис конфедерацијата велат дека системот ќе побрза и поефикасно ќе го организира протокот на стоки, но бара техничка и институционална координација.

Имплементацијата на електронскиот товарен лист претставува важен чекор кон дигитализација и модернизација на транспортниот сектор, велат од Сојузот на стопански комори.
Посочуваат дека за негово целосно функционирање потребни се интероперабилност на системите, координација меѓу институциите и воспоставување заедничка институционална архитектура преку едношалтерски систем.
Клучни предуслови за спроведување
И од Бизнис конфедерацијата сметаат дека ваквиот систем ќе придонесе кон модернизација на секторот транспорт.
Од бизнис секторот наведуваат дека целта е преку директен дијалог меѓу јавниот и приватниот сектор да се дефинираат конкретни решенија што ќе овозможат помалку документација, побрзи процедури, поефикасен проток на стоки и намалување на времето и трошоците за транспортните и логистичките компании.
Страните истакнуваат дека за успешна имплементација ќе биде неопходна техничка подготвеност и континуирана координација меѓу јавните тела и стопанството.
Фото: прес-материјал од настанот


