Почетна
Македонија

Иницијатива: Сите нови објекти да бидат достапни за лицата со попреченост

„Подај Рака" повикува градежни компании сите нови објекти да ги вградат пристапните решенија и ја проширува својата социјална работа за лицата со попреченост.

·Македонија
Иницијатива: Сите нови објекти да бидат достапни за лицата со попреченост

Сè уште многу државни институции и приватни објекти немаат соодветен пристап за лицата со попреченост, а активистите велат дека решението треба да почне уште при проектирањето и изградбата на објектите.

Хуманитарното здружение „Подај Рака" почна иницијатива упатена до градежните компании со барање сите новоизградени објекти да бидат достапни за лицата со попреченост.

Достапноста како дел од основниот дизајн

Од здружението нагласуваат дека прилагодувањата како рампа, лифт или пристапен влез не се привилегија, туку основно право на човекот. "Рампата, лифтот или пристапниот влез не се привилегија, туку основно право на човекот," велат организаторите, повикувајќи градители и архитекти да вградуваат услови за пристапност уште во проектите.

Активистите предупредуваат дека бариерите не се само физички: многу лица со попреченост живеат со ниски месечни примања и социјални надоместоци што тешко ги покриваат основните потреби, што дополнително ги става во маргина.

Каде што државните институции потфрлаат, здруженијата се обидуваат да помогнат. „Подај Рака" организира активности со кои лицата со попреченост излегуваат од секојдневната изолација — од организирани одмори до социјални настани; сега здружението подготвува и акција за ранче за секое дете.

„Лицата со попречеснот додава Петанчевски - не бараат ништо посебно, само еднакви услови за живот. Да можат слободно да се движат со содветни рампи и услови и можност за нормален живот," стои во апелот кон градежните компании и планирачите.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи