Изов одбра за квалификацискиот турнир во Србија
Собир на 23 ноември во Скопје; натпревари во Стара Пазова против Црна Гора, Азербејџан и Србија.

Селекторот Кирил Изов денеска го објави списокот на репрезентативки на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир во Србија.
Собирот на репрезентативките е закажан за 23 ноември во Скопје. По два тренинга на терените на Тренинг центарот "Петар Милошевски", националниот тим ќе отпатува за Стара Пазова, каде што ќе бидат одиграни трите натпревари.
Распоред на натпревари во Стара Пазова
Првиот меч е на 26 ноември против селекцијата на Црна Гора, почетокот е закажан за 14 часот. Три дена подоцна, на 29 ноември од 11 часот, следува средбата со Азербејџан, а на 2 декември од 13 часот се соочуваме со Србија.
Списокот на повикани фудбалерки е следен:
Голманки
- Евгенија Вељановска (Алавес -Шпанија)
- Илина Кировска (ЖФК Истатов 2015)
Одбрана
- Ема Нановска (ЖФК Истатов 2015)
- Канита Емини (ЖФК Истатов 2015)
- Александра Ристевска (ЖФК Пелистер ПРО)
- Арба Мерко (ЖФК АСС Јунајтед)
- Бесарта Фида (ЖФК Скопје 2014)
- Мила Панева (ЖФК Скопје 2014)
- Мелани Цветковиќ (Цирих – Швајцарија)
Среден ред
- Вања Ристиќ (ЖФК Речица)
- Ана Марија Цветковска (WFC Langhus)
- Теона Галабовска (ЖФК Тиверија Брера)
- Ева Величковска (ЖФК Вардар 2023)
- Михаела Марковска (ЖФК Пелистер ПРО)
- Андреа Коловска (ЖФК Истатов 2015)
Напад
- Калина Попески (ЖФК Љуботен)
- Настасја Накова (ЖФК Вардар 2023)
- Меланија Грозданова (ЖФК Вардар 2023)
- Јована Каралиоска (ЖФК Скопје 2014)
- Розита Пецева (ЖФК Тиверија Брера)
Изов го комбинира искуството на домашни играчи со оние кои се развиваат во странство и ќе бара позитивен резултат во Стара Пазова за да продолжи борбата во квалификациите.
Фото: прес-материјал од настанот


