Почетна
Политика

Јаневска денеска на средба со претседателот на УСС УКИМ за новиот модел за студентски оброк

Министерката најави електронска апликација и картичка со 20% попуст; конечната одлука ќе биде по консултации со студентите.

·Политика
Јаневска денеска на средба со претседателот на УСС УКИМ за новиот модел за студентски оброк

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека денеска ќе се сретне со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ за да разговараат за новиот модел на субвенциониран студентски оброк.

Јаневска одговори на новинарско прашање дека откако ќе ја има средбата со новоизбраниот, легитимен претставник на студентите, ќе организираат понатамошна средба со претставниците на студентските собранија од сите универзитети за да ги чујат нивните ставови пред донесување конечна одлука.

Предлог-мерката и начинот на користење

Министерката рече дека мерката е сѐ уште во разработка и дека конечниот став ќе се формира по консултациите со студентите. Таа опиша дека предвидено е користење на електронска апликација и картичка за студентски оброк со оператори што ќе ги избере Владата.

"Она што е важно е дека тоа ќе биде електронска апликација во која студентите кај сите оператори што ќе ги избере Владата со картичката за студентски оброк ќе добиваат 20 отсто, или е-апликацијата за студентски оброк, или ваучерот за студентски 20 отсто попуст на она што ќе го земат со тие средства и 20 отсто попуст на сѐ друго во тој оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и особено многу водиме грижа за младите луѓе во земјата", изјави Јаневска.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски најави зголемување на субвенционираниот студентски оброк и воведување дополнителни привилегии за студентите со цел подигнување на студентскиот стандард. Тој најави три мерки за младите: попуст при купување стан, нула комуналии за изградба на куќа и повеќе услуги за студентите.

Јаневска нагласи дека Министерството ќе го финализира предлогот по завршувањето на консултациите со студентските претставници од целата земја.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи