Почетна
Македонија

Кале ќе се сана: Музеј на праисторијата и Музеј за османлискиот период ќе се отворат

Владата и музејот најавуваат уредување на Музеј на праисторијата и Музеј на османлискиот период, со предмети од истражувањата и тендер избран за санација.

·Македонија
Кале ќе се сана: Музеј на праисторијата и Музеј за османлискиот период ќе се отворат

Скопско Кале ќе биде санаирано, функционално и развиено во значајна туристичка атракција, објави Владата откако доби зелено светло од Управата за заштита на културното наследство и Археолошкиот музеј на Македонија.

Двете институции потврдија дека градежните работи на тврдината се завршени и дека со одлука на Владата Археолошкиот музеј ги доби предметите прибавени при археолошките истражувања на Кале. Музејот веќе работи на концептот за поставките што ќе бидат презентирани во Музеј на праисторијата и во Музеј на османлискиот период.

Надлежности, управување и следни чекори

Директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Частоева, посочи дека Управата ќе продолжи со работа на Плаошник и дека во Владата е во завршна фаза носењето на одлука за прогласување на скопската тврдина Кале за културно наследство од особено значење. „Во моментот во Владата во завршна фаза е носење на одлука за прогласување на скопската тврдина Кале за културно наследство од особено значење, надлежностите ќе бидат поделени на Град Скопје и Археолошки Музеј. Музејот ќе стопанисува со два објекти Музеј на праисторија и Музеј на османлински период. Ќе го решат оној ентериерен дел и предметите за кои претходно спомнав дека ќе бидат изложени, за да можат да ја раскажат приказната што со години се случувало на Кале. Овие два објекти ќе бидат ставени во рамите на Европска престолнина на културата Скопје 2028."

Од вторник Археолошкиот музеј со својот тим на терен започнува со ентериерно уредување и подготовки за конечно отворање и пуштање во употреба на двата музеја. Магдалена Манаскова, директорка на Археолошкиот музеј на Македонија, го наведе авторскиот тим зад концептот: „Идеен автор на концептот на двата музеја е долгогодишниот истражувач и раководител на археолошките истражувања на Скопската тврдина, проф. д-р Драги Митревски, автор на дизајнот на поставката е проф. д-р Јован Ивановски. Го креиравме и визуелниот идентитет на музеите, чиј идеен автор е проф. д-р Гордана Вренцовска."

Археолошките истражувања што започнаа во 2007 година резултираа со откривање на повеќе од 5 000 предмети. Во 2024 година Управата за заштита на културното наследство, како инвеститор на проектот, обезбеди осум милиони денари за реализирање на активности поврзани со проектот. За тековно одржување, адаптација и санација на двата објекта, преку јавен тендер за изведувач беше избрана компанијата „Нет Инвест" од Теарце.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи