Клековски ги објави документите од анализите за вода во Гостивар
Клековски ги објави анализите што ги поседува министерството и порача останатите резултати да се побараат кај надлежните институции; обвинителството ја интензивира истрагата по масовното труење.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, ги објави извештаите од последните анализи за исправноста на водата за пиење во Гостивар и кажа дека тие документи се сопственост на Министерството за здравство.
На прес-конференција Клековски посочи дека за другите анализи треба да одговорат надлежните институции и дека јавноста треба да ги побара тие резултати кај нив. Тој рече: "Тоа што е направено по барање на ЦУК, АХВ и јавно комоунлано претпријатие е сопственост на тие институции и ќе замолам тие резултатите да ги барате од нив, нема ниедна причина – транспарентноста и јавноста е тука, одлуките што се носени се водени исклучиво врз факти, дополнително ИЈЗ издаде препораки до ЈП Комуналец – Гостивар"
Од опозициската СДСМ и натаму бараат одговорност од власта. Наташа Поповиќ го критикуваше однесувањето на партиските лидери за настаните во Гостивар за време на кризата: „Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени. Што славеа, труењето на граѓаните? Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам. Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, партиска прослава "
Интензивирана истрага
Обвинителството води истрага за здравствената катастрофа во која над 5.000 жители завршија во болница со симптоми на труење. Според последните информации, истрагата се интензивира: обезбедени се повеќе докази и се испитуваат сведоци.
Под лупа е и финансиската страна на проектот за водоснабдување — парите поврзани со проектот се предмет на проверка додека обвинителството бара одговорност.
Засега во притвор се наоѓаат директорката на локалното претпријатие, Арта Асани, и раководителите Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои се товарат за тешки дела против животната средина и природата.
Фото: прес-материјал од настанот