Тетово: жители повторно се жалат на рестрикции во водоснабдувањето
Жители тврдат дека притисокот е слаб и снабдувањето е несигурно, додека општината зборува за студија и планирани инвестиции.

Жителите на Тетово, пред се од стариот дел на градот, повторно се жалат на неизвесно водоснабдување секоја есен и велат дека секојдневно се борат за основните хигиенски потреби. Кога има вода, се обидуваат да складираат, а кога нема — се принудени да купуваат.
Некои од соговорниците опишуваат честите исклучувања и слаб притисок. Еден тетовец рече: „Во последно време има многу рестрикција за вода. Не знаемо точно кога има и кога нема вода. Има проблем. Од сабајле се знае, во текот, дали на ноќта некогаш се случува капка вода да нема. Во текот на денот притисок нема и имаме голем проблем.“ Друг додаде: „Секој ден исто, секоја ноќ исклучуваат, сега во кое време не знам. Кога има вода работиме, кога нема“.
Како се снаоѓаат граѓаните
Жителите велат дека се снаоѓаат со туби и полнење садови кога има вода. На прашањето како се снаоѓаат, едни одговорија: „Со туби, со полнење, ако има вода, ако нема, нема. Ние немаме основно човеково право, значи вода. Ние не бараме аздис, бараме вода“.
Градоначалникот истакнува дека општината постапува според веќе изготвена студија, подготвена во неговиот прв мандат од Градежниот факултет во Скопје. Тој се изјасни: „Инвестиции и интервенции во водоводот ги реализираме согласно таа студија. Таа студија е подготвена во првиот мандат од Градежниот факултет во Скопје каде се предвидуваат сите овие инвестиции од реконструкција на доводната цевка од Лешница од главната доводна цевка од филтер станицата во Лисец до базенот и реконструкција на примарната и секундарна мрежа и инсталирање на водомерите."
Комуналното претпријатие за водовод „Шар“ соопшти дека не воведува рестрикции во снабдувањето на Тетово. Ги наведоа тековните бројки: моменталниот проток од шарските извори изнесува 270 литри во секунда, додека за нормално снабдување е потребно над 300 литри во секунда.
Жителите велат дека нерамномерната дистрибуција и слаб притисок оставуваат многу домаќинства постојано загрижени за основните потреби, додека властите посочуваат дека долгогодишните инфраструктурни зафати наведени во студијата ќе бидат клучни за решавање на проблемот.
Фото: прес-материјал од настанот


