Почетна
Македонија

Комисијата за заштита на конкуренцијата ги провери откупните центри — над 30 објекти под лупа

Инспекциите вклучуваа непосредни увиди и прибирање документација за начинот на формирање на откупните цени.

·Македонија
Комисијата за заштита на конкуренцијата ги провери откупните центри — над 30 објекти под лупа

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведе контроли кои опфатија над 30 откупни центри на териториите на општините Гевгелија, Струмица, Кривогаштани и Ресен, соопшти Комисијата.

Проверките беа насочени кон објекти кои вршат откуп на земјоделски и градинарски производи, при што посебен фокус беше ставен на откупот на пиперка и јаболко. Активностите вклучуваа непосредни увиди и прибирање податоци и документација од откупните центри.

Што бараше контролата

Според Комисијата, целта на инспекциите беше да се утврди начинот на формирање на откупните цени, условите под кои се врши откупот, како и постапките со кои откупните центри ги утврдуваат и менуваат своите цени.

При досегашната обработка на прибраните податоци и документација се утврдени одредени индиции кои упатуваат на можни прекршувања на прописите од надлежност на Комисијата.

Комисијата информира дека во наредниот период ќе продолжи со детална анализа и проверка на прибраните материјали, по што, согласно утврдените факти и законските овластувања, ќе бидат преземени соодветни мерки против евентуалните прекршители.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи