Почетна
Балкан

Кос: Европската комисија на 6 октомври ќе изнесе нови идеи за проширувањето

Комесарката за проширување во Пржно рече дека предлогот ќе инсистира на „повеќе Европа пред членство“, но нема да замени полноправно членство.

·Балкан
Кос: Европската комисија на 6 октомври ќе изнесе нови идеи за проширувањето

Комесарката за проширување на Европската комисија, Марта Кос, на денешната средба на министрите за надворешни работи во Пржно, во рамки на Берлинскиот процес, најави дека на 6 октомври Комисијата ќе изнесе дополнителни идеи за тоа како може да се прошири постепената интеграција во ЕУ, нагласувајќи дека тоа не ги заменува правата на полноправно членство.

Напредокот на Црна Гора и регионалниот импакт

Кос, отворајќи го собирот под наслов „Западниот Балкан во Европа која се менува“, ѝ ја честиташе на Црна Гора за реформските резултати и посочи дека земјата затворила 18 преговарачки поглавја, при што се очекува затворање на уште неколку на следната меѓувладина конференција во средината на октомври.

„Сега сте во самата завршница, затоа сочувајте ја сета енергија за преговорите што претстојат. Ова ваше достигнување во Црна Гора создаде нов замав за проширувањето во целиот регион на Западниот Балкан“, рече Кос, посочувајќи дека успехот на Подгорица дава поттик за целиот регион.

Комесарката најави дека Европската комисија ќе презентира дополнителни идеи за проширувањето следната недела, на 6 октомври, со основната идеја „повеќе Европа пред членство“, но повтори дека тоа не претставува замена за полноправно членство.

„Тоа мора да биде јасно. ЕУ нуди заедничка иднина во која конфликтите од минатото губат на значење. Не заборавајте, интеграцијата во ЕУ е простор за помирување. Не смееме да заборавиме дека европската интеграција е изградена врз одлуката на некогашните непријатели да ги залечат раните од минатото“, додаде Кос.

Таа истакна и дека предложените мерки претставуваат голема можност за Западниот Балкан: „Таму каде што соседите заеднички ќе се соочат со наследството од минатото, старите поделби со текот на времето можат да исчезнат, а тоа е од клучно значење за внатрешната кохезија и општествената стабилност на проширената Европска Унија. Затоа, ајде отворените билатерални прашања да ги решаваме во духот на Берлинскиот процес, преку добрососедски односи, регионална интеграција, меѓусебна доверба и соработка. Да ја искористиме оваа можност за проширување на ЕУ, заради иднината на оваа и на следните генерации“, рече Кос.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи