Почетна
Македонија

Кос ја повика Владата да ги усвои уставните измени: Тоа е чекорот за продолжување на евроинтеграциите

Еврокомесарката по средбата со вицепремиерот Беким Сали рече дека уставните амандмани ќе овозможат напредок без дополнителни политички одлуки.

·Македонија
Кос ја повика Владата да ги усвои уставните измени: Тоа е чекорот за продолжување на евроинтеграциите

Еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел упати директен апел до Владата на Северна Македонија да ги усвои уставните измени кои, според неа, претставуваат еден конкретен чекор за продолжување на евроинтеграциите.

Кос имаше тет-а-тет средба со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, кој е во тридневна посета на Брисел и остварува низа средби со претставници на европските институции за прашања поврзани со пристапниот процес.

Апел за брза одлука од Скопје

По средбата, Кос рече: „Нема многу работи што треба да се направат. Има многу, но станува збор за еден чекор-уставните измени. Откако ќе бидат усвоени уставните амандмани, ќе можеме да продолжиме без дополнителни политички одлуки. Затоа, ова е мојот апел до Владата: Ве молам, направете го тоа, исполнете ја вашата обврска. Сигурна сум дека тогаш ќе можеме да продолжиме напред, во најдобар интерес на вашите граѓани.“

Кос дополнително го истакна тековниот регионален напредок како причина за итност: „Се надевам дека многу скоро ќе го потпишеме пристапниот договор со Црна Гора. И Албанија напредува добро. Значи ова е вистинскиот момент и Северна Македонија да продолжи напред. Од политичарите на Северна Македонија зависи да ги исполнат очекувањата,“ изјави таа.

Сали по средбата нагласи дека процесот на проширување треба да биде попредвидлив, заснован на заслуги и мерливи резултати, со јасен фокус на конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите. Тој посочи дека меѓу точките кои биле разгледани се Планот за раст за Западен Балкан, спроведувањето на Реформската агенда и можностите за постепено вклучување во Единствениот пазар, како и учество во СЕПА, проширување на моделот „Roam Like at Home“ и соработка во дигиталната трансформација.

Фото: МЕП

Поврзани написи