Почетна
Балкан

Косово ќе основа државна авиокомпанија, средства предвидени во буџетот за 2027

Премиерот Албин Курти: авиокомпанијата со јавен капитал ќе отвора повеќе директни линии, особено кон земјите со голема дијаспора.

·Балкан
Косово ќе основа државна авиокомпанија, средства предвидени во буџетот за 2027

Косово планира да основа национална авиокомпанија со државен капитал, а средства за реализација на проектот се предвидени во предлог-буџетот за 2027 година, соопшти премиерот Албин Курти. Новиот превозник во фокусот ќе има повеќе директни линии, пред сè кон земјите каде живее обемна косовска дијаспора.

Што се одобри на седницата

На седницата на Владата одржана на 2 ноември, беше усвоен предлог-буџетот за 2027 година во висина од 4,27 милијарди евра, што претставува зголемување од 200 милиони евра во однос на ревидираниот буџет за 2026 година. Во тој документ се предвидени средства за основање на авиокомпанијата, но конкретниот износ на инвестицијата не е наведeн.

Курти порача дека компанијата ќе биде формирана со јавен капитал и ќе се реализира во соработка со искусни домашни и странски компании. Тој додаде дека авионот со националните ознаки на Косово ќе има и промотивна улога кога ќе слетуваат на меѓународни аеродроми.

Сè уште не се објавени бројот на авиони, планираните дестинации и датумот кога би започнале првите комерцијални летови.

Проектот ќе се соочи со конкуренција на пазарот каде веќе делуваат повеќе меѓународни превозници, меѓу кои и нискобуџетната компанија Wizz Air, која годинава најави проширување на операциите на аеродромот во Приштина.

Предлог-буџетот е доставен до косовското Собрание, каде ќе помине законодавна процедура пред да биде финално усвоен.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи