Почетна
Македонија

Лани дијагностицирани 1.000 пациенти со рак на дојка; пациенти: за ПЕТ-скен се чека четири до пет месеци

Клиниката најавува нови лекови и делумно децентрализирање на услугите, додека пациенти и Хема-Онко предупредуваат на долги чекања.

·Македонија
Лани дијагностицирани 1.000 пациенти со рак на дојка; пациенти: за ПЕТ-скен се чека четири до пет месеци

Клиниката за радиотерапија и онкологија соопшти дека лани се дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка, а во моментов околу 7.000 болни се на активен третман, истакнаа претставници на здружението „Хема-Онко“ на настанот што денеска се одржа на Клиниката.

Пациентите на средбата реагираа дека за снимање на ПЕТ-скен се чека четири до пет месеци, што го отежнува раното планирање и контрола на терапиите.

Нови лекови, делумно децентрализирање на услугите

Директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Стојковски, рече дека минатата година се воведени нови лекови за болните од канцер, конкретно за канцер на дојка, и дека е зголемен бројот на пациенти што се третираат со специфични терапии.

“Почнавме нешто делумно да функционира, односно дисперзијата да функционира делумно како консултативно-специјалистичка дејност во Градската општа болница „8-ми Септември“. Продолжуваме понатаму и во годинава, се надеваме и наредната година, онкологот од Скопје значи да оди во Клиничката болница во Битола. Тоа е што можеме да го направиме за доброто на пациентите и за делумно растеретување на гужвите во Клиниката. Понекогаш терапијата може да доцни минимално заради дистрибутивните недостатоци. Во врска со идејата во времето на претходниот министер за здравство за тригодишна набавка за дел од терапиите, рече дека работат и дека најверојатно тоа да можат да го направат во следната јавна набавка за 2027 година , рече проф-д-р Стојковски.”

На прашање за проблемите со прекини во достава на терапиите, што загрижува пациенти поради претходни инциденти, Стојковски посочи дека Клиниката може да даде укажување до веледрогеријата и дека дистрибутерите ги знаат последиците од доцнењата кај пациентите.

Ана Марјановиќ од здружението рече дека како здружение инсистирале терапиите да се обезбедуваат редовно, навремено и во услови какви што пациентите заслужуваат, и дека веќе доставиле неколку барања до Министерството за здравство за решавање на пристапот и капацитетите.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи