Почетна
Магазин

Лидл повлекува два вида Nautica филети од пастрмка поради ризик од листерија

Два вида Nautica филети од 125 г со рок до 20.10.2026 се повлечени од Лидл маркети во шест сојузни покраини поради ризик од листерија.

·Магазин
Лидл повлекува два вида Nautica филети од пастрмка поради ризик од листерија

Трговскиот синџир Лидл во Германија итно повлече од продажба два производа на марката Nautica поради можна контaminација со бактеријата листерија.

Повлекувањето, што го објави данскиот добавувач Danforel A/S, се однесува на пакувања од 125 грама со рок на употреба до 20 октомври 2026 година: Nautica Regenbogen Forellenfilets Natur (филети од калифорниска пастрмка – обични) и Nautica Regenbogen Forellenfilets Pfeffer (филети од калифорниска пастрмка – со црн бибер).

Каде се продавале и што да сторат купувачите

Засегнатите артикли биле во продажба во маркети на Лидл во шест германски сојузни покраини: Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија, Рајна-Палатинат и Сарланд. Компанијата апелира купувачите воопшто да не ги конзумираат овие производи.

Лицата кои ги имаат купено спорните производи можат да ги вратат во која било продавница на Лидл и ќе добијат целосен поврат на средствата, дури и ако не ја приложат фискалната сметка. Отстранувањето се однесува само на наведените производи; останатите артикули од добавувачот Danforel A/S и од марката Nautica не се вклучени во ова предупредување.

Листеријата може да предизвика тешки стомачно‑цревни инфекции проследени со дијареа и висока температура, а симптомите често наликуваат на грип. Инфекцијата обично се појавува во рок од 14 дена од конзумирањето. Посебно ризични се трудниците, новороденчињата, постарите лица и лицата со ослабен имунитет — кај нив може да доведе до сериозни компликации како сепса или менингитис. Сите кои ги конзумирале наведените производи и чувствуваат симптоми треба веднаш да побараат лекарска помош.

Фото: Илустрација

Поврзани написи