Почетна
Свет

МААЕ бележи напредок во истрагата во Сирија, но не и во Иран

Извештајот ги пофали новите сириски власти за „транспарентност и соработка“, но вели дека инспекторите не се вратиле во објектите во Иран по нападите во јуни 2025.

·Свет
МААЕ бележи напредок во истрагата во Сирија, но не и во Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) регистрира напредок во разрешувањето на долго отворените прашања поврзани со непријавените нуклеарни активности во Сирија од периодот на владеење на семејството Асад, додека во случајот со Иран не е забележан сличен напредок.

Во извештај доставен до земјите-членки пред кварталната седница на Одборот на гувернери на МААЕ следната недела, агенцијата ги пофали новите сириски власти за нивната „транспарентност и соработка“ во помагањето да се откријат активностите од минатото и материјалот што сè уште се наоѓа во земјата.

Овие резултати доаѓаат по соборувањето од власт на претседателот Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година и по обврската што ја презедоа новите сириски власти да соработуваат со МААЕ.

Деир ез-Зор и ударот од 2007

Извештајот потврдува дека авионаскиот напад на Израел во 2007 година врз непријавена локација во источната провинција Деир ез-Зор бил насочен кон нуклеарен реактор што бил во изградба.

За разлика од тоа, извештајот посочува дека нема нов напредок во случајот со Иран: инспекторите сè уште не се вратиле во нуклеарните објекти што САД и Израел ги бомбардираа во јуни 2025 година.

До тие напади, МААЕ проценуваше дека Иран поседувал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти чистота, "што е само еден чекор подалеку од приближно 90-процентниот степен на збогатување потребен за ураниум за нуклеарно оружје." Според критериумите на МААЕ, тоа е доволно материјал, доколку биде дополнително збогатен, за производство на 10 нуклеарни оружја, а Иран поседувал и материјал збогатен до пониски нивоа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи