Почетна
Македонија

Мајка донира бубрег на свое дете со Алпортов синдром — прва таква трансплантација во Македонија

Жива донација од мајкава претставува прва трансплантација на бубрег кај пациент со Алпортов синдром во Македонија.

·Македонија
Мајка донира бубрег на свое дете со Алпортов синдром — прва таква трансплантација во Македонија

Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од жива мајка на дете со Алпортов синдром, соопшти Министерството за здравство. По спроведените потребни медицински испитувања, утврдена била компатибилност меѓу донорот и примателот, а мајката е оценета како соодветен жив дарител.

Значењето на интервенцијата

Од Министерството велат дека одлуката на мајката му дава на детето нова шанса за живот и претставува значаен медицински успех во третманот на пациенти со ретки заболувања. Пред неколку дена, министерот ги посетил пациентите на Универзитетската клиника за урологија кај кои биле извршени три трансплантации: кај двајца пациенти биле имплантирани бубрези од починат дарител, додека кај третиот била извршена трансплантација од жив дарител.

"Ова е пример за најдоброто во нашето здравство – стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот" - вели министерот за здравство Сашо Клековски.

Со овие три трансплантации, вкупниот број трансплантации на бубрег на Универзитетската клиника за урологија годинава достигна 15, во споредба со 11 трансплантации во текот на цела 2025 година, се наведува во соопштението.

Алпортовиот синдром е ретка наследна болест која го зафаќа бубрежното ткиво и во потешките случаи може да доведе до бубрежна слабост и потреба од дијализа. Министерството истакнува дека со соодветна дијагностика, темелна медицинска процена и внимателна подготовка, трансплантацијата може да биде можност и за пациенти со ретки генетски заболувања.

"Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка" - вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Фото: Пекселс

Поврзани написи