Почетна
Македонија

Македонија светна во зелено по повод Европскиот ден на донирањето органи

Објекти во Скопје и други градови светнаа во зелено, а министерот Сашо Клековски ги повика граѓаните да разговараат со семејствата за донирање.

·Македонија
Македонија светна во зелено по повод Европскиот ден на донирањето органи

Зградата на Владата и повеќе јавни објекти низ земјата вчера и синоќа беа осветлени во зелено поради Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки, објави министерот за здравство Сашо Клековски.

Акцијата за осветлување беше видлива во Скопје, Прилеп, Струга, Велес, Тетово, Кавадарци и во уште неколку општини како дел од напорите за подигање на свеста.

Клековски се заблагодари на семејствата на починатите донори, на живите дарители кои им подарија дел од себе на блиските, како и на трансплантационите тимови и институциите што се приклучија на иницијативата и ги осветлија своите објекти.

Повик од министерот

„Органодарителството почнува со разговор. Разговарајте со своето семејство, кажете ја својата одлука, за да не мора тие да одлучуваат наместо вас. Секој донор е надеж. Секое 'да' е нов живот“, вели Клековски, повикувајќи ги граѓаните да ја соопштат својата волја пред своите најблиски.

Според министерството, ваквите видливи гестови имаат двоен ефект: да им оддадат почит на семејствата на донорите и да поттикнат размислување и разговор кај граѓаните за регистрирање или јасно кажување на нивната волја за донирање органи.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи