Почетна
Македонија

Македониум во Крушево изнајмен за спот на Дон Џони за околу 500 евра

Историскиот музеј го одобри користењето на просторот, а Управата за заштита вели дека не е доставено барање.

·Македонија
Македониум во Крушево изнајмен за спот на Дон Џони за околу 500 евра

На 29 септември 2026 година споменикот „Македониум“ во Крушево беше изнајмен за потребите на снимањето на видеоспотот на косовскиот рапер Дон Џони, а локалниот музеј го наплатил користењето со сума од околу 500 евра, велат извори од музејот.

Управниот одбор одобри, Управата за заштита нема евиденција за барање

Миха Оџаклиески, директор на Историскиот музеј во Крушево, посочи дека продукцијата официјално се обратиле за дозвола и дека Управниот одбор донел одлука просторот да биде отстапен за снимање.

„Просторот беше отстапен за снимање спот. На Управен одбор имаме донесено одлука просторот да може да се отстапува со соодветен надомест. Тие доставија објаснување дека ќе го користат за снимање спот. Немаме точно утврдена фиксна цена, туку се наплатува според часови. На пример, за пет до шест часа сумата е околу 500 евра“, изјави Оџаклиески.

Оџаклиески додаде дека видеото е снимано на повеќе локации и дека сцените со кревети и танцување кои се прикажуваат во спотот не биле снимени во Македониумот, туку само дел од сцените биле реализирани во споменикот.

Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, изјави дека до Управата не е пристигнато барање за дозвола за снимање во Македониумот. Таа потенцира дека Управата често добива барања за снимање во заштитени објекти и дека дозвола се издава кога содржината и намената се во согласност со промоцијата и заштитата на македонската култура, уметност и културно наследство.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи