Почетна
Балкан

Marta Кос: Мојата визија е дека еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од нашата Европа

На конференцијата за Коридорот 8 во Софија, Кос ги поврза над 130 инфраструктурни проекти со визијата за интеграција.

·Балкан
Marta Кос: Мојата визија е дека еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од нашата Европа

Европската комесарка за проширување Марта Кос пристигна во Софија за да учествува на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 и во воведот ги поврза техниките проекти со поширока политичка цел.

„Денеска сме тука да работиме за подобри врски за луѓето од утрешнината“, изјави Кос по пристигнувањето, нагласувајќи дека целите на конференцијата надминуваат само инфраструктурните интервенции.

Таа посочи дека „Бугарија е порта кон Европа за регионот на Црното Море, како и за Турција, а Западен Балкан игра многу важна улога на поврзување“ и дека во регионот се реализираат над 130 проекти, вклучително изградба на нови патишта и железници и подобрување на граничните премини.

Визија што надминува гранични точки

Кос го прошири погледот од конкретните инвестиции кон долгорочната амбиција: „Но, мојата визија како комесарка за проширување оди многу подалеку. Мојата визија е дека еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од нашата Европа“.

Според нејзините зборови, тогаш граничните премини и транспортните врски за кои се зборува денес повеќе нема да имаат исто значење, „затоа што ќе бидеме една Европа“. Кос додаде дека ова е визијата кон која се работи во Брисел, тука во Софија, на Западен Балкан и во земјите-членки.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи