МЕПСО бара 97% повисока цена за своите услуги
МЕПСО го предложи најавеното зголемување; регулаторот и понудата на ЕСМ ќе пресечат колку ќе поскапи струјата за граѓаните.

МЕПСО побара над 97 проценти покачување на цената за својата услуга за пренос, покажуваат пресметките доставени до регулаторот во процесот на формирање на новата цена на електричната енергија.
Овa барање е само дел од пакетот пресметки и предлози кои стигнале до регулаторот. Другите енергетски компании веќе доставија свои калкулации: МЕМО не побара корекција во цената за нивната услуга, додека Електродистрибуција не наведе каква промена бара затоа што тендерот за набавка на струја за покривање на загубите сè уште не е завршен.
Понудата на државниот производител ќе биде пресудна
За тоа каква цена ќе плаќаат граѓаните од први јануари најмногу ќе зависи од понудата на ЕСМ. Во моментот тие својата струја на ЕВН Хоум ја продаваат по 65 евра за Мегават час.
Од страните кои учествуваат во формата на тарифите велат дека регулаторот нема да оди под оваа цена како референтна точка. Во меѓувреме, премиерот Мицкоски тврди тека се прави обид од идната година цената да остане иста.
Регулаторот ќе ги разгледа сите доставени пресметки и предлози пред да донесе конечна одлука; таа одлука ќе биде клучна за тоа колку од предложеното покачување ќе биде пренесено на сметките на домаќинствата.
Фото: David Bailey / Wikimedia Commons (CC BY-SA 2.0)


