Метални огради околу РИК и Претседателството во Белград, засилено полициско обезбедување
Оградени се клучни државни објекти, јавниот превоз е запрен и пристап е дозволен само за жители и гласачи.

Од утрово се зголемено полициското присуство во центарот на Белград, а метални огради беа поставени околу зградите на Републичката изборна комисија (РИК) и околу зградата на Претседателството. Во тој дел од градот сообраќајот на јавниот превоз е запрен додека трае оградувањето.
Од српската полиција изјавиле дека просторот е затворен од безбедносни причини, бидејќи во оградениот појас се наоѓаат објекти од значење за државата.
Пристап во оградениот простор имаат само граѓаните што живеат во тој дел на градот или оние што одат да гласаат на избирачките места во околината.
Долги редици пред избирачките места
Во меѓувреме, пред избирачките места низ неколку градови се образуваа долги редици. Во Белград и во Нови Сад се забележаа поинтензивни чекори за гласање, а на повеќе места редиците почнале да се формираат уште пред официјалниот почеток на гласањето.
Во Нови Сад, граѓаните почнале да се собираат околу пет часот наутро, два часа пред отворањето на избирачките места. Слични редици беа пријавени и во Крагуевац, Чачак и Ниш.
Големо присуство на гласачи е регистрирано и на избирачки места во дијаспората — долги редици се забележуваат во Вашингтон, Виена и Љубљана, а во Лос Анџелес се формираше редица од стотици лица.
Фото: МИА


