Почетна
Политика

Мицкоски: Енергетската состојба во Европа е жестоко алармантна, Владата ќе бара креативни решенија

На отворањето на градинката „Лавче“ во Инџиково, Мицкоски ги посочи нуклеарките, низок водостој и празни складишта како причини за рекордните цени.

·Политика
Мицкоски: Енергетската состојба во Европа е жестоко алармантна, Владата ќе бара креативни решенија

Премиерот Христијан Мицкоски предупреди дека енергетската состојба во Европа е „жестоко алармантна“ и од ден на ден се влошува, говорејќи на отворањето на детската градинка „Лавче“ во скопско Инџиково.

Тој наведе низа надворешни фактори кои ја ставаат под притисок енергетската понуда: изгасени нуклеарни централи, низок водостој во реките и акумулациите и ниски нивоа на гас во складиштата, што заедно доведуваат до рекордни цени на енергетските берзи и пораст на цените на гасот.

Цени и последни трендови

„Состојбата во Европа е жестоко алармантна. Кога зборувам жестоко алармантна, изгасени нуклеарни централи, низок водостој, ниски нивоа на гас во складиштата, цените на берзите се навистина историски највисоки, по 400–500, па и повеќе евра за мегават-саат. Истото тоа важи и за гасот. И тоа се случува во континуитет некаде од втората половина на август месец, сега сме, еве, веќе на средината скоро на ноември. И не само што не се смирува состојбата, туку и, напротив, се влошува, од ден на ден се зголемуваат цените. Вчера ја следев цената и утрово на гас, таа повторно отиде над 90 евра за мегават-саат, спадна негде околу 80 евра минатата недела, сега е повторно над 90 евра за мегават-саат“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека ваквите ценовни промени траат од втората половина на август и дека цената на гасот е приближно трипати повисока во однос на истиот период лани.

Мицкоски рече дека Владата ќе бара креативни решенија за да го заштити стандардот на граѓаните додека се менува состојбата на меѓународните енергетски пазари.

Фото: Влада)

Поврзани написи