Мицкоски: И родителот и Ива Михаилова ќе одговараат кога‑тогаш, демантира за редовен премин
Премиерот демантира дека Михаилова и адвокатот влегле на редовен премин и вели дека постои сомнеж за нелегален пренос.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека и родителот и Ива Михаилова „ќе одговараат кога‑тогаш“, по време на денешната прес‑конференција во Владата посветена на нов инвестициски проект на компанијата „Кромберг и Шуберт“.
„Ако некој мисли дека на овој начин обезбедил одредена заштита, на начин на кој што се обидува да ги наруши меѓусоседските односи меѓу двете држави. Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата што самата себеси ја прави на меѓународен план. Но, тоа е нивна одлука, тие избрале ваква политика. Жалам што тие наместо лице правосилно осудено да го вратат тука да ја отслужи казната, тие од него прават естрадна ѕвезда и кловн и жалам што млада девојка која што најголемиот дел од својот живот и образование го стекнала во својата татковина Македонија, одлучила да биде ова што денеска се претставува кај нашиот источен сосед,“ изјави премиерот Мицкоски.
Демант за премин на редовен граничен пункт
Тој ги демантираше тврдењата во бугарските медиуми дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат преминале на регуларен граничен премин и го презентираше досега утврденото од владината страна.
„Тоа претставува лага. Toa e прво. Второ, последен пат од она кое што ние го имаме евидентирано, а потврдено и од бугарската страна, адвокатот влегол на 28 септември, а не е точно тоа што го тврдеше. Иако станува збор за личност со сомнително минато, сепак, сакам овие работи да ги знае јавноста. Исто така можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија, истражуваме, МВР истражува и ќе дојдеме до сознанија на кој начин е однесена,“ рече Мицкоски.
Според неговите зборови, за конкретниот случај ќе следат дополнителни сознанија од истрагата што ја води Министерството за внатрешни работи, а владини претставници засега не објавиле оперативни детали додека трае истражувањето.
Фото: прес-материјал од настанот


