Милорад Додик прогласи победа на сите нивоа и им се заблагодари на Трамп и на Путин
Лидерот на СНСД рече дека резултатот е "неочекувано висок" и ја поврза победата со промени во политичката клима и поддршката од сојузниците.

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, се обрати до јавноста по објавувањето на првичните прелиминарни резултати од општите избори што денеска се одржаа низ Босна и Херцеговина и прогласи дека партијата победи на сите нивоа.
Додик најави две третини во парламентот на Република Српска
Во краткиот настап по објавувањето на првите податоци, Додик оцени дека резултатот е неочекувано висок и најави дека, заедно со коалиционите партнери, СНСД ќе има две третини во Парламентот на Република Српска. Тој додаде дека нема да ги соопштува точните бројки бидејќи веќе се видливи на екраните.
„Неочекувано висок резултат и за самата партија заедно со коалиционите партнери ќе имаме две третини во парламентот на Република Српска. Овој резултата е сличен на овој од пред 20 години. А јас сега се прашувам што ќе направиме во следните 20, бидејќи на секои 20 ја забележуваме најдобрата можно победа. Броевите нема да ги соопштувам ги имате сите на екраните како и ние“, рече Додик.
Тој успехот на СНСД го припиша делумно на политичката клима во Соединетите Американски Држави и им упати благодарности на надворешните сојузници.
„Сакам да им се заблагодарам на сите наши пријатели. Јас ќе го кажам и следново да не беше велинчествената победа на Доналд Трамп и да не ја тргнеше она омразена структура на Бајден, верувам дека ние денеска ќе бевме политички мртовци, но благодарение на новиот амбиент сега сме политички победници и имаме намера тоа да го верифицираме заблагодарувајќи му се секако и на претседателот Путин кој не прими и ни посака успех на изборите што за нас беше важно“, рече тој.
Според прелиминарните резултати, кандидатката на СНСД, Жељка Цвијановиќ, води во трката за член на Претседателството на БиХ со 55,34 отсто, додека Маринко Божовиќ (СДС) има 26,59 отсто, а Небојша Вукановиќ 18,5 отсто.
Фото: прес-материјал од настанот


