МОН и Бирото отвораат јавна расправа за Концепција за талентирани и надарени ученици
Зainteresiranите можат да ги достават мислењата и предложите до 10 октомври 2026 година.

Бирото за развој на образованието, во соработка со Министерството за образование и наука, објави Предлог-концепција за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование и повика заинтересираните да учествуваат во онлајн јавна расправа до 10 октомври 2026 година.
Според соопштението од 29 септември 2026 година, предлог-концепцијата е изработена во согласност со член 34 од Законот за основното образование, кој предвидува донесување концепција со која се уредуваат препознавањето и идентификацијата на талентираните и надарените ученици, како и мерките и активностите за работа со нив.
Како што посочува Министерството: "Со Предлог-концепцијата се поставува основа за развивање поврзан и достапен систем за навремено препознавање, развивање и следење на потенцијалите на учениците, стручна идентификација и обезбедување соодветна воспитно-образовна поддршка. Документот дава насоки за работата на училиштата, соработката со семејствата и стручните институции, распределбата на одговорностите и следењето на квалитетот на поддршката."
Учеството и поднесувањето предлози
Целта на јавната расправа е преку вклучување на стручната и пошироката јавност да се приберат мислења, забелешки и конкретни предлози што ќе придонесат за подобрување на квалитетот, јасноста и применливоста на Концепцијата.
Министерството ги повикува наставниците, стручните соработници, директорите на училиштата, високообразовните и научните установи, стручните здруженија, родителите/старателите, учениците и сите заинтересирани да го разгледаат документот и да дадат свој придонес. Мислењата, забелешките и предлозите може да се достават до 10 октомври 2026 година на електронската адреса javnarasprava@bro.gov.mk, со назнака: "Јавна расправа – Концепција за талентирани и надарени ученици". За полесно разгледување, се советува да се наведат поглавјето или делот на кој се однесуваат, предложената измена или дополнување и кратко образложение.
Доставените мислења, забелешки и предлози ќе бидат разгледани при подготовката на конечниот текст на Концепцијата, со цел воспоставување систем кој навремено ќе открива и поддржува ученици со исклучителен потенцијал и ќе ги разјасни улогите на училиштата, семејствата и стручните институции.
Фото: прес-материјал од настанот


