Почетна
Македонија

Министерството за правда ги објави нацртите на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка на ЕНЕР

Граѓаните и стручната јавност ќе можат да достават забелешки; двата нацрт-закона се испратени до Европската комисија за мислење.

·Македонија
Министерството за правда ги објави нацртите на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка на ЕНЕР

Министерството за правда ги објави нацрт-кривичниот законик и нацрт-законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што се отвора можност за активно вклучување на јавноста во финализирањето на овие значајни законски решенија.

Од Министерството посочуваат дека сите заинтересирани страни — стручната јавност, правосудните институции, академската заедница, граѓанските организации и граѓаните — ќе имаат можност да ги разгледаат текстовите и да достават забелешки, коментари, предлози и сугестии.

Стручни расправи и оценка од ЕК

"Во наредниот период ќе следуваат и стручни јавни расправи, на кои ќе се отворат клучните прашања и решенија содржани во двата законски текста, со цел преку аргументирана дискусија и размена на мислења да се придонесе кон нивно унапредување. Истовремено, двата нацрт-закона се доставени и до Европската комисија за мислење, со цел да се обезбеди дополнителна експертска оценка на предложените решенија и нивната усогласеност со европското законодавство и стандарди." — се вели во соопштението од Министерството за правда.

Со објавувањето на ЕНЕР и отворањето на јавната расправа, Министерството за правда, како што потенцираат, го продолжува транспарентниот и инклузивен процес, во кој секој конструктивен предлог може да придонесе за подобри законски решенија.

Министерството најави дека наскоро ќе објави и распоред за стручните јавни расправи, со цел различните актери да имаат можност да учествуваат и да ги аргументираат своите забелешки пред да се пристапи кон финалните измени.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи