Почетна
Македонија

Раст на случаите на семејно насилство; МВР може да го отстрани сторителот 48 часа

МВР вели дека бројот на пријави расте, а полицијата може да отстрани сторител од домот на 48 часа дури и ако е сопственик.

·Македонија
Раст на случаите на семејно насилство; МВР може да го отстрани сторителот 48 часа

Анализот на Министерството за внатрешни работи покажа дека во просек во Македонија секој ден се случуваат најмалку три пријавени кривични дела семејно насилство со најмалку три жртви, а на презентацијата присуствуваше министерот Панче Тошковски.

Од 2021 до 2025 година се регистрирани 5.699 сторители на семејно насилство, од кои 91% се мажи. За истиот период се евидентирани 132 жени како сторителки. Во просек од 90–100 деца биле евидентирани како жртви во тој период.

Оваа година се забележани 7 фемициди. Во првите 10 месеци од 2026 година има рекордни 1.897 пријавени случаи на семејно насилство, во споредба со 1.125 во првите месеци на 2025 година — зголемување од 70 отсто.

Промени во полициската пракса и побрзи постапки

Тошковски кажа дека сега МВР може да постапува по службена должност во делот на нанесување телесна повреда при семејно насилство, а не само по пријава на жртвата, што ја зголемува ефикасноста при решавање на овие случаи. „Сепак клучно е што жртвите на семејно насилство се повеќе пријавуваат. Не трпат, веднаш пријавуваат”, кажа тој.

Оваа година од страна на МВР се поднесени 1.450 кривични пријави за семејно насилство, што е за 50 отсто повеќе од лани. По брза постапка се поднесени 153 кривични пријави, а се изречени 163 мерки притвор — за 270% повеќе отколку во 2025 година. Исто така, има регистрирани жртви во 214 пријавени прекршоци (карање, викање, малтретирање, тепање на јавни места), најчесто сопруги и мајки.

На брифингот Тошковски објасни дека кога сторителот е фатен при вршење на семејно насилство, полициски службеник може да изрече мерка – итно отстранување на сторителот од домот на 48 часа, дури и ако тој е сопственик на домот. Во рок од 6 часа МВР го известува судот, кој понатаму одлучува дали ќе му биде дозволено враќање дома на пријавениот насилник.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи