Почетна
Македонија

Муцунски ја отвора македонската амбасада во Вилнус, официјална посета на Литванија

Министерот ќе присуствува на свеченото отворање и ќе преговара со литванскиот колега за продлабочување на соработката.

·Македонија
Муцунски ја отвора македонската амбасада во Вилнус, официјална посета на Литванија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Литванија каде во Вилнус ќе стане дел од церемонијата на отворање на новата Амбасада на Република Северна Македонија.

Агенда и приоритети

Свеченото отворање на амбасадата во литванската престолнина е чекор за уште поголемо зајакнување на дипломатското присуство на државата и за продлабочување на билатералните односи и соработката со Литванија и поширокиот Балтички регион.

За време на престојот, Муцунски ќе оствари билатерална средба со својот литвански колега, Кештудис Будрис, при што во фокусот ќе бидат унапредувањето на политичкиот дијалог, интензивирањето на економската соработка и евроинтегративните процеси.

Двајцата министри ќе разменат мислења и за актуелните безбедносни предизвици и за соработката во рамките на евроатлантското сојузништво.

Од Министерството посочуваат дека посетата се реализира во значаен момент, пред претседавањето на Литванија со Советот на Европската Унија во првата половина на 2027 година, период кој ќе биде особено значаен за политиката на проширување и европските интегративни процеси.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи