Почетна
Македонија

Националниот парк Пелистер во опасност од пожар

Пожарот што пламнал кај Макази се прошири кон Пелистер — екипи на паркот и од општините работат на локализирање.

·Македонија
Националниот парк Пелистер во опасност од пожар

Попладнево во атарот на селото Макази во ресенскиот регион избувна голем пожар кој, според информации од надлежните, се движи во правец на планината Пелистер.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, потврди дека огнот се движи кон Пелистер, а во моментот се немаат податоци за причините за палењето или за евентуална материјална штета.

Од Националниот парк Пелистер информираат дека пожарот избувнал пред 15 часот од страна на Преспа и се проширил блиску до границите на паркот.

Екипи на терен го гаснат огнот

„Во моментов пожарот е навлезен и во Националниот парк помеѓу подножјето на врв вртушка и врв малачука. Екипи на Националниот парк Пелистер во соработка со противпожарни екипи од Ресен и Битола делуваат на терен со цел локализирање на пожарот, велат од националниот парк.“

Екипите на паркот работат на терен заедно со противпожарните единици од Ресен и Битола, насочувајќи ги напорите кон запирање на продорите на огнот по падините и подножјата во близина на почетната точка.

Состојбата се следи, а засега нема издадени наредби за евакуација; надлежните служби остануваат на готовс поради тековните оперативни активности.

Фото: колаж / НП

Поврзани написи