Почетна
Македонија

Над 85 отсто од читателите бараат Владата да објави колку чини прославата за независноста

Онлајн анкета покажа дека 85,35% од учесниците бараат Владата да ги објави трошоците за прославата по повод 35‑годишнината.

·Македонија
Над 85 отсто од читателите бараат Владата да објави колку чини прославата за независноста

Над 85 отсто од читателите кои учествувале во онлајн анкета велат дека Владата треба да ги објави трошоците за прославата на независноста на земјата.

Резултати од анкетата

Според анкетата, точно 85,35 отсто бараат транспарентност од извршната власт за прославата, додека 14,05 проценти се против објавување на тие информации. Само 0,59 отсто од анкетираните одговориле со „не знам“.

Прославата за 35 години од независноста почна на празникот Илинден, а низ цел август имаше активности, концерти и настани ширум државата под името „Силно светнал ден“. Завршната манифестација е најавена за 8 септември на арената „Тодор Проески“ во Скопје, каде гостува диџејот Дејвид Гета во соработка со „Авалон“.

Владата досега не ја удостои јавноста со детали за трошоците или со податок колку ќе потроши од државниот буџет, што предизвика различни реакции меѓу граѓаните и аналитичарите.

Експертите и аналитичарите нагласија дека сумата на вкупниот трошок мора да се знае и дека тоа не може да биде предмет на проценка кога и дали ќе се објави, бидејќи станува збор за јавни пари на граѓаните. Извршната власт, пак, соопшти дека "во однос на конкретните организациски, програмски и финансиски аспекти, јавноста ќе биде навремено, целосно и транспарентно информирана, во моментот кога сите елементи ќе бидат финализирани".

Критичарите остро реагираа: Владата дрско ги крие трошоците за прославата на годишнината од независноста, вели Герман Филков.

Фото: Слободен печат /Методи Здравев

Поврзани написи