Почетна
Македонија

Најден телефон во собата на обвинетиот Васе Анакиев; инспекторка сведочеше за притисоци да се вратат камиони

Инспекторката од Делчево опиша дека раководството барало враќање на камионите и дека потоа била на боледување; обвинетиот го негираше телефонот.

·Македонија
Најден телефон во собата на обвинетиот Васе Анакиев; инспекторка сведочеше за притисоци да се вратат камиони

Основниот кривичен суд Скопје добил известување од затворот Шутка дека во ќелијата на обвинетиот поранешен директор на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, бил најден мобилен телефон. Анакиев е обвинет дека барал поткуп за да пушти на граница камиони со рефусно ѓубриво на фирма од Делчево.

На почетокот од рочиштето обвинетиот го негираше потеклото на апаратот: „Не е мој, на собата е. Така заведе контролата. Јас имам уште два цимера и апаратот не е мој”.

Обвинителката Искра Хаџивасилева го предизвика тоа тврдење: „Сè нешто не е ваше, сè погрешно сте вие протолкувани. Да не лаже затвор ‘Скопје’ случајно?” Судииот Иле Трпков побара тишина и напомена: „Ве молам за тишина, и јас го добив известувањето дека е најден мобилен телефон. Да ве потсетам дека има начин да се утврди чиј е телефонот и со кого е разговарано, т.е. чиј е најдениот апарат”.

Сведочењето на инспекторката Даниела Кржовска

На предлог на обвинителството во судницата сведочеа фитосанитарната инспекторка Даниела Кржовска и шпедитерот Горанчо Стаменковски. Кржовска работи во Државниот инспекторат за земјоделие на граничниот премин Делчево; нејзин претпоставен бил обвинетиот Васе Анакиев.

Кржовска опиша хронологија на настаните околу запреното ѓубриво на фирмата „Манов“. Таа рече: „На втори март имав слободен ден. Ми се јави колешка и ми рече директорот Анакиев ме бара на граничен премин, сакал да се види со мене и со колешката Весна во 14 часот. Не знаев зошто ме бара. Отидов и останав да се тресам таму до 19 часот, доцнеа 5 часа. Тогаш дојде директорот, раководителката Маја Петрушева, Трошански и Чурлинов. Откај нас бевме јас, Велиновска, Кржовска. Раководителката почна недолично да вика по нас двете дека не сме работеле правилно, камионите не сме ги внесувале во системот. Јас се спротивставив. Трошански ни ги побара последните три предмети што ги имавме. Викањето беше многу непријатно, раководителката се закануваше, бевме изненадени зошто неправилно нè обвинуваа. Предметите беа однесени во Скопје и вратени без да добиеме дисциплинска постапка, зашто бевме во право".

Кржовска сведочеше дека наредниот ден видела пропуштен повик од раководителката Маја и дека колешката Весна ѝ рекла дека Маја тврдела дека камионите треба да се вратат по член 19 од законот. Таа опиша дека се вознемирила, прашувала колеги и добила мејл со задолжување за ѓубриво во рефусна состојба. „Добиј тахикардија и покачен крвен притисок и од петти до 23 март 2026 година бев на боледување“, рече Кржовска. На прашање кој го потпишал мејлот, таа наведе: „Директорот Анакиев и раководителите Петрушева и Трошански”.

Сведокот ја отфрли теоријата на раководителката за постапување со камионите: „Не е можно така да се пуштат камиони како што тврдеше раководителката Маја. Нејзината теорија беше бесмислена. Штом влезат камионите, ние мора да постапиме. И не знам зошто сите дојдоа”. Анакиев е обвинет за кривично дело примање поткуп — во овој случај првата половина од 100.000 евра кои, според обвинението, ги побарал од увозниците „Манов” на две рати за да им ги пушти камионите на граница како увоз. На ред е да сведочи шпедитерот Стаменковски.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи