Почетна
Македонија

Наредните три години ќе обезбедуваме јаглен од Косово — концесија во рудникот Обилиќ

АД ЕСМ доби концесија во рудникот Обилиќ и право на експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци, со фиксна цена од 24,4 евра/тон.

·Македонија
Наредните три години ќе обезбедуваме јаглен од Косово — концесија во рудникот Обилиќ

АД ЕСМ потпиша тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК, со кој доби концесија за рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос Хашани.

Гарантирана цена и дефинирани параметри за квалитетот

Во соопштението од компанијата стои: „Партнерството предвидува гарантирана и фиксна цена од 24,4 евра по тон јаглен за времетраење на договорот, со точно дефинирани параметри за квалитет кои ќе бидат основа за купопродажба. Загарантираните количини и договорната цена, ќе овозможат директна заштита на домашниот енергетски систем од недостаток на квалитетен јаглен за генерирање на електрична енергија во термоелектраните, но и заштита од неизбежните чести и драстични осцилации на цените на енергенсите на меѓународните берзи.

Согорувањето на косовскиот јаглен, како што се наведува, ќе ја зголеми ефикасноста на термоелектраните и директно ќе донесе дополнително годишно производство од 800 GWh електрична енергија и приход од околу 57 милиони евра. Финансискиот ефект дополнително ќе се подобри со заштедите од намалената потреба за користење мазут при согорувањето. Воедно, државата ќе оствари и индиректни еколошки придобивки и финансиски заштеди, со годишно намалување на CO2 емисиите за 923.000 тони поради помалку согорен јаглен и за уште 55.980 тони поради намалената употреба на мазут.

Во соопштението се наведува и дека, имајќи предвид дека околу 70% од вкупното годишно производство во моментов, но и во наредните три години ќе доаѓа од термоелектраните, потпишувањето на договорот обезбедува релативно долгорочна енергетска безбедност и стабилност за граѓаните и за индустријата. За периодот 2027–2030 година, за време на консолидацијата на рудниците, проценетите годишни потреби за набавка на јаглен како дополнување на домашното производство изнесуваат околу 1,4 милиони тони — 600.000 тони за ТЕ Осломеј и 800.000 тони за ТЕ Битола.

„Врз основа на прецизни логистички и инфраструктурни анализи за пропусноста на граничниот премин Блаце кој овозможува дневен транзит од максимум 120 камиони или околу 3.000 тони јаглен дневно, реалната максимална годишна количина што може да се очекува да се доставува од КЕК, изнесува околу 800.000 тони.”

Како што најави директорот, најдоцна до крајот на август ќе биде објавен оглас согласно Законот за јавни набавки за избор на економски оператор кој ќе ги реализира ископот, анализата на квалитет и утоварот од предвидените откопни полиња во Обилиќ, како и транспортот, шпедицијата и истоварот на депониите во ТЕ Битола и ТЕ Осломеј. „Паралелно со набавките на јаглен, спроведуваме интензивен план за целосна ревитализација на рударската механизација и санирање на занемарените деформации на ископните полиња настанати во минатото. Во рудниците во РЕК Битола има доволни количини на јаглен кои согласно плановите и проектите, до крајот на 2027 год. ќе можеме без застои да ги експлоатираме и со тоа целосно да ја анулираме потребата од дополнителни количини на јаглен од останати добавувачи – вели директорот.”

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи